Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кланот Дуќанџик/Грчец обезглавен – војната на скопските кланови продолжува и надвор од Македонија
Македонија

Кланот Дуќанџик/Грчец обезглавен – војната на скопските кланови продолжува и надвор од Македонија

15/07/2023

AA

Орхан Ибраими – Оки веќе го нема, а со тоа обезглавен е и кланот Дуќанџик кој потекнува од Грчец. За пет месеци се случија три мафијашки пресмети, а две од нив во Косово и Грција.

Орхан Бајрами – Оки, еден од водачите на кланот „Дуќанџик“ кој рано изутрина беше убиен во Ханиоти, е последен од низата членови на подземјето.

Орхан Бајрами е убиен а Сеад Слезовиќ е пренесен во болницата во градот Полигирос, откако врз нив било пукано рано утрово околу 3.30 часот. Според очевидци две маскирани лица на мотор се приближиле  и упаднале во изнајмениот апартманот во Ханиоти на Халкидики и врз двајцата македонски државјани испукале дваесетина куршуми при што 39-годишниот Бајрами веднаш починал додека 45-годишниот Слезовиќ се здобил со повреди. Грчките медиуми пишуваат дека се работи за класична егзекуција и дека двајцата македонски државјани се обидувале да се сокријат од своите убијци во Грција бидејќи знаеле дека за нив имало нарачно платени убијци за да ги ликвидираат. Полицијата веднаш започнала потрага по убијците и ги проверува безбедносните камери на поширокото подрачје.

„Се се случило околу 3 часот и 30 минути, кога две лица со мотор се приближиле до апартманот во која престојувале двајца скопјани. Напаѓачите, кои имале покриени лица, ги застрелале двајцата мажи на возраст од 39 и 45 години. Тие пукале најмалку 20 пати, при што 39-годишниот бил убиен, а другиот повреден од истрелите е пренесен во болницата Полигирос“, пишуваат грчките медиуми.

Од македонското МНР излегоа со информација дека за убиството во Грција, од каде велат дека македонската амбасада во Атина стапила во контакт со надлежните институции, односно полицијата во Солун од каде било потврдено убиството.

„Во Сани Вилас, Ханиоти двајца маскирани лица отвориле оган врз двајца државјани на Северна Македонија.  Двајцата биле однесени во општата болница на Халкидики, каде едниот им подлегнал на повредите, додека другиот поради тежината на повредите е транспортиран во друга болница, во Полигирос. Според информациите на амбасадатa, на местото на настанот излегле  повеќе тимови на грчката полиција и работат на расчистување на околностите на настанот“, велат од македонското МНР.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy