Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Китанов пушташе автопати, сега ќе продава електрична енергија
Економија

Китанов пушташе автопати, сега ќе продава електрична енергија

11/05/2023

AA

Зоран Китанов, поранешниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, наскоро почнува со изградба на фотонапонски централи. На крајот од минатата година негоавата компанија „К-Пауер“, регистрирана во 2021 година, до Регулаторната комисиај за енергетика поднела барање за одобрување лиценца за три фотоцентрали со моќност поголема од 8 мегавати, кои ќе се градат во Рибарци, Општина Росоман.

„К-Пауер“ на Китанов досега се декларираше како специјализирана компанија за проектирање, изградба и одржување на фотоволтаични системи за производство на електрична енергија и како официјален застапник за Македонија на турскиот бренд за фотоволтаици Elin. 

Покрај проектирање, инсталација и монтажа на фотоволтаици и други соларни системи, отсега неговата фирма ќе се занимава и со производство на електрична енергија. Китанов не сакаше да даде официјална изјава за „Фактор“, но рече дека изградбата на фотоцентралите ќе почне за една недела, дека опремата е на пат и дека за неколку месеци очекува да почне производството. 

Додаде дека средствата за оваа голема инвестиција ги обезбедил во договор за кредитирање со банка и во партнерство со други лица, како и тоа дека иако првично барањето е за производство на електрична енергија од 8,3 мегавати, засега планот останува на 5 мегавати.

Китанов беше директор на Јавното претпријатие за државни патишта од 2017 до 2020, кога беше заменет со актуелниот раководител Ејуп Рустеми и во негово време во употреба беа пуштени автопатите Смоквица – Демир Капија и Миладиновци – Штип. Пред да биде назначен за директор на ЈПДП, од 2011 го водеше локалното јавно претпријатие „Струмица-Гас“ во спроведувањето на гасификацијата на град Струмица и на оранжериите. 

Китанов ќе биде владин претставник во Одборот на директори на Телеком се до одржувањето на Собрание на акционери на компанијата, кое ќе се одржи на 30-ти мај, а оставката, како што вели ја поднесува поради тоа што сака да се посвети на новиот бизнис потфат. На негово место во Одборот на директори ќе членува адвокатот Игор Милев.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy