Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кисела Вода го одбележа Националниот ден на унгарскиот народ
Македонија

Кисела Вода го одбележа Националниот ден на унгарскиот народ

15/03/2023

AA

– Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, по повод Националниот ден на унгарскиот народ, денеска положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Шандор Петефи во населбата Драчево. Тој, заедно со унгарскиот амбасадор во нашата држава Андраш Клајн, се поклонија пред спомен-плочата на унгарскиот херој, известуваат од Општина Кисела Вода.

– Убавината на пријателството е во споделувањето на важните моменти. Во миговите кои ни се значајни и означуваат нешто големо – за нас, за нашата држава, за нашиот народ. Токму таков ден за Унгарија и унгарскиот народ е 15 Март. Денеска, заеднички се поклонивме пред спомен-плочата на Шандор Петефи, една од клучните фигури во Унгарската револуција од 1848 година и поставувањето на темелите за целосно осамостојување на унгарската држава. Заеднички го одбележуваме Националниот ден на Унгарците и ќе додадеме уште една потврда на заемната почит која ја чувствуваат двата народа. Денес, додека стојам пред спомен обележјето на Шандор Петефи, на истоимената улица во Драчево, сакам да истакнам дека добрата соработка што ја имаме со Република Унгарија, со Унгарците и со нивното здружение „Теледом“, ќе ја интензивираме. Преку нови заеднички проекти уште повеќе ќе придонесеме кон зближување на македонскиот и унгарскиот народ, истакна Ѓорѓиевски, уште еднаш честитајќи им на присутните.

Свое обраќање имаше и амбасадорот на Република Унгарија Андраш Клајн, кој на настанот беше придружуван од военото аташе, полковник Хари Саболч и неколку претставници од унгарската амбасада, како и од претседателот на Здружението на Унгарците „Теледом“ Јожеф Шутуш.

Амбасадорот Клајн ја нагласи важноста на денешниот празник за сите Унгарци низ светот и упати благодарност кон градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и општина Кисела Вода. Тој изрази задоволство од зближувањето на двата народа, македонскиот и унгарскиот, кое продолжува.

По повод 15 Март, во основните училишта во општина Кисела Вода беше распишан литературен конкурс. За литературните творби на темите „Животот и делото на унгарскиот поет Шандор Петефи“ и „Револуцијата од 1848 во Унгарија и нејзиното значење“, беа доделени прво, второ и трето место.

Од општината информираат дека наградите биле обезбедени од Амбадасадата на Република Унгарија. Првонаградената ученичка, Матеја Трајковска од ООУ „Кузман Шапкарев“, летово ќе патува на младински камп во Унгарија. Втората награда му припадна на Лео Миновски од ООУ „Круме Кепески“, а третонаградена е Мина Ќурапова од ООУ „Партениј Зографски“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy