
Кирков за состојбата во Зоолошка: Откако дојде Арсовска на чело на Скопје, Зоолошката стана куќа на стравот, се колат и умираат животни, неспособноста нејзина со рачиштата во медот го уназади Скопје
Помор на животни во скопската ЗООЛОШКА!!!
Жирафата погина поради непрочистување од паразити што треба да е рутинска нега, сега се отруени два коњи!
Од кога дојде Данела Арсовска нашата ЗОО стана куќата на стравот, се колат и умираат животни!!!
Каде се сега друштвата за заштита со реакција и барање одговорност, во скутот на Данела и во управните одбори и директорски фотелји, тие се ФОТЕЛЈАШИ и ништо повеќе од тоа, перални за пари низ проекти и фондации!!!
Неспособноста на Данела не уназади на секое поле, и овде има од нејзините рачишта во медот со тендерите за набавка на храна!
Жал ми е за животните но јас освен на ФБ сум немоќен за ништо повеќе!
Новинари, охрабрете се и побарајте одговорност и испитајте го случајот, ви стојам на располагање за сите изјави и емисии со свои сознанија!
ФБ објава на Стефан Кирков, член на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ:
