
Кирил и Методиј 42 години „покровители на Европа“ – денес речиси непознати во Западна Европа
Кирил и Методиј се денес речиси непознати во Западна Европа- и покрај нивните заслуги. Агенцијата КНА потсетува на делото на солунските браќа по повод 40-годишнината од нивното прогласување за покровители на Европа.
Кирил и Методиј, двајцата словенски апостоли, сè уште се малку познати на западните простори. Тоа и покрај фактот дека во пресрет на 1981 година, првиот словенски папа Јован Павле Втори ги прогласи за „покровители на Европа“. Пред точно 40 години, на 14 февруари 1981 година, овој празник беше прославен за прв пат. Тоа беше период кога комунистичкиот режим ги потиснуваше христијаните во Централна и Источна Европа, и очајно им беа потребни нивните заштитници.
„Христијанска Европа мора да дише со обата бели дроба: римско-латински и словенско-византиски“, беа зборовите на Папата во тоа време.
Овој гест на Јован Павле Втори беше од големо духовно и историско значење, бидејќи тој всушност ја ревидираше раширената теза за трите столба на кои почива Европа: Антиката, христијанството и германите.