
КИРИИ ВО ЕВРОПА: Во кои градови е најскапо?
Според податоците од Euronews и Rightmove, просечната кирија во Лондон се зголеми на неверојатни 3.220 евра месечно – 2,5 отсто повеќе од лани, пишува TimeOut.
На второ место е Амстердам, каде, месечната кирија за еднособен наместен стан чини 2.275 евра. Холандските градови се истакнати на оваа листа, а меѓу првите 10 се Ротердам, Хаг и Утрехт.
Најскапите градови за кирија во Европа:
Лондон: 3.220 евра
Амстердам: 2.275 евра
Рим: 2.000 евра
Париз: 1.862 евра
Ротердам: 1.795 евра
Хаг: 1.790 евра
Минхен: 1.770 евра
Утрехт: 1.746 евра
foto freepik.com