Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КИНЕСКИОТ ИЗВОЗ ДРАМАТИЧНО ПОРАСНАЛ ВО МАРТ – испораките се зголемија пред најавените нови царини од САД
Економија

КИНЕСКИОТ ИЗВОЗ ДРАМАТИЧНО ПОРАСНАЛ ВО МАРТ – испораките се зголемија пред најавените нови царини од САД

14/04/2025

AA

Кинескиот извоз нагло порасна во март, покажаа денеска официјалните податоци, сигнализирајќи го крајот на празничната сезона и порастот на испораките пред најавените нови царини во САД.

Кинескиот извоз се зголеми за 12,4 отсто во март во однос на претходната година, соопшти царинската управа, што е најсилен резултат во последните пет месеци.

Ескалација на трговската војна

Во јануари и февруари испораките се зголемени за само 2,3 отсто. Царинската управа ги консолидираше податоците за јануари и февруари за да ги израмни значителните флуктуации поврзани со повеќедневните лунарни новогодишни празници. Во декември испораките се зголемени за 10,7 отсто.

Кинескиот увоз, сепак, падна за 4,3 отсто во март, по падот од 8,4 отсто во претходните два месеци. Во декември се зголеми за еден процент.

Кина во март забележа суфицит во трговската размена со светот од 102,64 милијарди долари, што е за 2,1 отсто помалку од декември, последниот месец за кој царинската управа објави споредливи податоци. Увозот на соја потонал за дури 36,8 отсто во споредба со март минатата година, покажуваат податоците.

На почетокот на февруари, американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 10 отсто за увоз на стоки од Кина, а во март ги зголеми за уште 10 отсто, обвинувајќи го Пекинг дека не прави доволно за да ги запре испораките на фентанил во САД.

Увозот од САД се намалува

Пекинг возврати со царини кои се движеа од 10 до 15 отсто за американските земјоделски производи. „Се чини дека Кина целосно го суспендираше увозот на земјоделски производи од САД уште во март“, шпекулира Ксу Тјанчен од Економист разузнавачка единица. „(Кинескиот) увоз на соја е приближно преполовен во период традиционално обележан со брза кинеско-американска земјоделска трговија, можеби затоа што државните увозници веќе добија насоки да го прекинат увозот“, рече Ксу.

Во периодот од јануари до март, Кина забележа суфицит во трговската размена со САД од 76,6 милијарди долари, што е за 9,1 отсто поголем од истиот период минатата година. Трговскиот конфликт меѓу САД и Кина ескалира минатата недела, кога американските царини за кинескиот увоз се зголемија на 145 отсто, а кинеските давачки за увозот од САД се зголемија на 125 отсто.

Пекинг веќе потврди на почетокот на годината дека има намера да го префрли фокусот на својот економски модел од извоз и производство на потрошувачка, а податоците за увозот во март сигнализираат дека властите имаат уште многу работа, и покрај пакетите монетарни и фискални стимулации, забележува Ројтерс.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ФАТЕН МОМЕНТОТ КОГА ЗАЕВ СЕ „ВРАТИ ДОМА“ Некој „до

21/04/2026
Македонија

Откриена кражба на струја од над 22.000 евра на Попова

21/04/2026
Македонија

Храбри битолчани спасија златен ретривер од надојдените води на реката

21/04/2026
Македонија

СЕ ЗАПИШУВАЛЕ НА МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ БЕЗ ДА ЗАВРШАТ ФАКУЛТЕТ Министерката

21/04/2026
Македонија

Јаневска го чека извештајот за нерегуларности при уписот на магистерски

21/04/2026
Македонија

53-ГОДИШНИК НАПАДНАЛ 16-ГОДИШНИК Влегол во паркиран автомобил па го удирал

21/04/2026
Македонија

Вечерва во „Ноќно студио“ Ивон Величковски

21/04/2026
Македонија

ВИДЕО Пронајдена лабораторија за канабис во Аеродром: Уапсен 50-годишен скопјанец

21/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42711
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ФАТЕН МОМЕНТОТ КОГА ЗАЕВ СЕ „ВРАТИ ДОМА“ Некој „до уши“ се насмеал, друг го

21/04/2026

.

Откриена кражба на струја од над 22.000 евра на Попова Шапка

21/04/2026

Екипите на „Електродистрибуција“ од Корисничкиот енерго центар (КЕЦ) Тетово, во координација со Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово, открија сериозна

Храбри битолчани спасија златен ретривер од надојдените води на реката Драгор

21/04/2026

Двајца млади битолчани, Даниел и Филип, покажаа исклучителна хуманост и храброст спасувајќи куче од расата златен ретривер, кое останало заробено

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy