Кинескиот гигант за недвижности „Евергранде Груп“ оди во ликвидација, должи 300 милијарди долари!
Оваа вст ќе ја зголеми несигурноста на финансиските пазари особено на Далекиот исток, но и глобално
Надлежниот суд во Хонг Конг донел одлука да се ликвидира втората најголема кинеска компанија за недвижен имот „Евергранде Груп“ која должи 300 милијарди долари, пренесува „Ројтерс“.
Аналитичарите на финансиските пазари проценуваат дека оваа ликвидација ќе предизвика паника на берзите на далечниот исток, а на прв потег загуба за сите инвеститори кои се обложувале дека „Евергранде“ ќе го преживее овој критичен момент и дека ќе биде понуден план за реструктуирање.
Кризата со „Евергранде“ започна во средината на август лани кога компанијата објави банкрот. По петмесечна судска постапка надлежниот суд во Хонг Конг одлучи да прогласи ликвидација за оваа компанија. Според податоците објавени од „Ројтерс“ последната проценка на средствата со кои располага кинескиот гигант за недвижности покажала дека тие вредат 240 милијарди долари. Проценката е од 2021 година.
Ликвидацијата значи дека целокупниот расположлив имот на „Евергранде“ оди на продажба.
Кој е „Евергранде“?
Според официјални јавно достапни податоци од „Википедиа“ кинески гигант за недвижности би специјализиран за инвестиции во висококатници и облакодери. Тој оперирал на кинескиот пазар на недвижности кој во изминативе години е најголем риал естејт пазар во светот. „Евергранде“ е основана и има седиште на Кајманските острови кои се светски познати на оф-шор економска зона (локација на која не се бара потекло на капиталот н.з.). Кајманските острови се под британска јурисдикција. Компанијата била основана во далечната 1996 година од кинескиот бизнисмен Хуи Ка Јан поранешен милијардер.
Во 2018 година „Евергранде Груп“ беше прогласена за највредна компанија за недвижен имот во светот. Во големата криза во секторот на недвижен имот во Кина токму оваа компанија прва покажа знаци за неликвидност, две години потоа објави банкрот, а од вчера е во ликвидација.
Извор и фото China Evergrande ordered to liquidate in landmark moment for crisis-hit sector
Р.Ф.
