
КИНЕСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ ДОАЃА И ВО СРБИЈА И ВО МАКЕДОНИЈА: Еве кои модели ќе ги продава
Кинескиот
производител Lynk&Co најави дека до крајот на оваа година ќе ги прошири
своите активности на уште 19 европски пазари, вклучувајќи ја и Србија. За
почеток, компанијата планира да отвори претставништва во Грција и Романија, а
потоа и во Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна
Гора, Северна Македонија, Албанија и Молдавија.
Овој бренд под
покровителство на холдинг компанијата Geely истакна дека за да се постигне оваа
цел ќе склучи партнерство со компанија наречена SEEAG.
– Со овие
стратешки потези ќе го прошириме нашето влијание и присуство на европскиот
пазар, ќе го зајакнеме нашиот бренд како главен снабдувач на флексибилна
мобилност и, се разбира, ќе испорачаме одлични автомобили на остроумните
клиенти. SEEAG е познат играч во индустријата со силна инфраструктура и
операции, идеален партнер додека се впуштаме во овие нови територии – рече
Николас Лопез Еплгрен, извршен директор на Lynk & Co.
Компанијата Lynk&Co е препознатлива по своите уникатни
бизнис модели на автомобилскиот пазар, а во своето портфолио имаат и еден модел
на автомобил. Како што објави Ауторепублика, постои веројатност да бидат
продадени сите модели во сопственост на Geely (Полестар, Зеекр…).
