Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КИНА СО КОНТРАУДАР – воведува забрана за извоз на три метали во САД
Економија

КИНА СО КОНТРАУДАР – воведува забрана за извоз на три метали во САД

04/12/2024

AA

Министерството за трговија на Кина денеска објави дека забранува извоз во Соединетите држави на галиум, германиум, антимон и други клучни високотехнолошки материјали со потенцијална воена примена.

Одлуката беше објавена откако Вашингтон го прошири списокот на кинески компании кои подлежат на контрола на извозот на опремата што произведува компјутерски чипови, софтвер и мемориски чипови со висок пропусен опсег потребни за напредни апликации, објави АП.

– Кина упати силни протести против САД поради ажурирање на мерките за контрола на извозот на полупроводници, санкции против кинески компании и злонамерно потиснување на технолошкиот напредок на Кина – изјави на прес-конференција портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.

Тој повтори дека Кина е „цврсто против тоа САД да го преувеличуваат концептот за национална безбедност, да ги злоупотребуваат мерките за контрола на извозот“ и да воведат „незаконски, еднострани санкции“ против кинеските компании.

Ограничувањата што денеска ги објави Пекинг вклучуваат и извоз на супертврди материјали, како што се дијаманти и други синтетички материјали кои се исклучително густи и имаат разновидна индустриска употреба, како што се алатки за сечење, диск сопирачки и заштитни облоги.

Кина е најголемиот глобален извор на галиум и германиум, кои се произведуваат во мали количини, но се потребни за производство на компјутерски чипови за мобилни телефони, автомобили и други производи, како и соларни панели и воена технологија.

Заострувањето на трговските ограничувања доаѓа откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги зголеми царините за увоз од Кина и други земји.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шведска ги олеснува процедурите за нови рудници, Македонија останува без

31/07/2026
Македонија

Какво ќе биде времето за продолжениот викенд?

31/07/2026
Македонија

Температурите до 40 степени носат ризик: АХВ со важни препораки

31/07/2026
Македонија

Претрес во гостиварско: Пронајдени дрога и муниција, уапсен 58-годишник

31/07/2026
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44772
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шведска ги олеснува процедурите за нови рудници, Македонија останува без нов инвестициски циклус

31/07/2026

Во обид да обезбеди сигурно снабдување со критични минерали, Шведска донесе одлука со која рударството добива статус на национален безбедносен

Какво ќе биде времето за продолжениот викенд?

31/07/2026

Во следните седум дена Македонија ја очекува стабилно, сончево и многу топло време. Температурите постепено ќе растат од ден на

Температурите до 40 степени носат ризик: АХВ со важни препораки за безбедна храна

31/07/2026

Поради најавените екстремно високи температури кои во наредните денови ќе достигнуваат и до 40 степени Целзиусови, Агенцијата за храна и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy