
КИНА СЕ ПОТСМЕВА СО ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Капите „Да ја направиме Америка голема пак“ се „мејд ин Чајна“, само сега се поскапи
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг објави илустрација на социјалните мрежи во која се потсмева на последиците од царините на Трамп врз американските потрошувачи.
На сликата е познатата црвена капа „Make America Great Again“, симбол на политичката кампања на Трамп, со натпис „Made in China“. Цената на капата беше симболично прецртана од 50 на 77 долари – алудирајќи на порастот на цената на увезената стока од Кина откако американскиот претседател воведе високи царини.
Најавата е очигледна порака во трговската војна, со која Пекинг сака да нагласи дека најголемиот трошок за политиките на Трамп ќе го платат самите Американци – од сопствениот џеб.
Кинеските царини од 84 отсто за американските стоки стапија во сила вчера, а трговската војна меѓу двете велесили влегува во нова, неизвесна фаза.
— Mao Ning 毛宁 (@SpoxCHN_MaoNing) April 10, 2025