
Кина: НАТО да го напушти застарениот менталитет на Студената војна и мешањето во азиско-пацифичкиот регион
Портпаролот на Кина утрово на прес конференција во Министерството за надворешни работи ги отрфрли критиките кои ги упати НАТО за време на дводнениот самит кој се одржува во Вилнус, Литванија.
„Го повикуваме НАТО да престане да дава неосновани обвинувања и провокативни забелешки против Кина, да го напушти застарениот менталитет на Студената војна, да се откаже од погрешната практика на барање апсолутна безбедност и да се воздржи од мешање на Европа, азиско-пацифичкиот регион и светот,“ изјави Ванг Венбин, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението објавено за време на дводневниот самит во литванскиот главен град Вилнус, НАТО рече дека Кина, со своите „амбиции и политика на принуда“, ги доведува во прашање интересите, безбедноста и вредностите на Aлијансата.
Кинеската мисија во Европската унија одговори дека содржината на соопштението на НАТО ги игнорира основните факти, ја искривува позицијата и политиката на Кина и намерно го дискредитира Пекинг, пренесува новинската агенција Ројтерс.
