Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ким предупредува на нуклеарен напад доколку земјата биде испровоцирана со нуклеарно оружје
Македонија

Ким предупредува на нуклеарен напад доколку земјата биде испровоцирана со нуклеарно оружје

21/12/2023

AA

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека Пјонгјанг нема да се двоуми да изврши нуклеарен напад доколку биде испровоциран од непријател со нуклеарно оружје, пренесоа државните медиуми.

Ким ова го изјави на состанокот со војниците на воениот Ракетен кабинет во врска со неодамнешната вежба за лансирање на интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), објави новинската агенција КЦНА.

Тој рече дека Северна Кореја нема да се двоуми „дури и да нападне нуклеарно кога непријателот ќе го испровоцира со нуклеарни бомби“, пренесе КЦНА.

Северна Кореја во вторникот соопшти дека го тестирала својот најнов ICBM во понеделникот за да ја процени воената подготвеност на нејзините нуклеарни сили против растечкото американско непријателство, што наиде на осуда од Соединетите држави и нивните сојузници.

Ким рече дека лансирањето во понеделникот ја покажало високата мобилност и способноста за брз напад на војската и повика на напори за дополнително зајакнување на нејзината борбена ефикасност, пренесе КЦНА.

Во посебна изјава, сестрата на Ким, Ким Јо Јонг, го осуди Советот за безбедност на Обединетите нации за одржување на состанок за лансирањето на ракетата ICBM, велејќи дека тоа е остварување на правото на земјата на самоодбрана, пренесува N1.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец

15/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
Македонија

📽️ 📷 МИРОТ МОРА ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН ЗА ДА БИДЕ

14/02/2026
Македонија

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026
Македонија

Струга сè уште без чиста вода: Приватна институција од Скопје

14/02/2026
Македонија

Вештачењето во „Онкологија“: Стручни мислења и контроверзии околу документацијата

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41481
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy