Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ким Јонг Ун ја заврши посетата на Русија: Во театар ја гледаше „Заспаната убавица“, а во аквариум претстава со китови, делфини, фоки и моржот Миша
Македонија

Ким Јонг Ун ја заврши посетата на Русија: Во театар ја гледаше „Заспаната убавица“, а во аквариум претстава со китови, делфини, фоки и моржот Миша

17/09/2023

AA

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска со својот оклопен воз го напушти рускиот Далечен Исток и се упати кон севернокорејската граница, пренесоа руските новински агенции.

„Возот на Ким Џонг Ун се упати кон граничната станица Хасан. Растојанието е околу 250 километри“, вели ТАСС.

На последниот ден од посетата на рускиот Далечен Исток, севернокорејскиот лидер ги обиколи универзитетите и аквариумите.

Руската новинска агенција РИА Новости објави видео снимки на кои Ким, придружуван од највисоките функционери, разговара со руски колеги со помош на преведувачи додека бил на обиколка на универзитет на островот Руски.

Еден ден по посетата на руските бомбардери со нуклеарно оружје и друго напредно оружје, Ким во неделата отиде во најголемиот аквариум во Русија.

Севернокорејскиот лидер гледал перформанс со китови, делфини, фоки и Миша моржот, кој особено му се допаднал, јавуваат руските медиуми.

Ким Џонг Ун е во Русија од вторникот, а за време на посетата разговараше и со рускиот претседател Владимир Путин.

Синоќа во театарот ја гледаше балетската претстава „Заспаната убавица“.

Севернокорејската новинска агенција КЦНА објави дека Ким бил пречекан со овации во театарот и дека изразил „длабока благодарност до изведувачите и театарот за импресивниот и елегантен балет со висока уметничка вредност“.

Руските државни медиуми објавија дека Ким го напуштил театарот по првиот чин на балетската претстава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy