
Километарски колони, се преврте комбе на автопатот Скопје – Тетово
Сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Скопје – Тетово, веднаш по патарината Тетово, во близина на клучката кај Желино.
Патничко комбе се превртело на левата коловозна лента, што предизвика значително отежнат сообраќај. На терен се наоѓаат полициски екипи кои вршат увид и ја регулираат фреквенцијата на возила.
Километарски колони се формираат во двата правци, особено поради зголемениот сообраќај во попладневните часови.
Засега нема информации дали во незгодата има повредени и што ја предизвикало. На возачите им се препорачува внимателно возење и трпение додека трае расчистувањето на патот.