
Киев ја обвини Москва дека подготвува уште една голема офанзива на 24 февруари
Повеќе обвинувања меѓу Киев и Москва. Украинскиот министер за одбрана ја обвини Русија дека подготвува нова голема офанзива за 24 февруари, годишнината од почетокот на инвазијата.
Според Алексеј Резников, за оваа цел биле мобилизирани речиси 500.000 војници. Во меѓувреме, во друг напад на руската армија врз станбена зграда загинаа три лица во градот Краматорск. Најмалку уште осум лица се тешко повредени, соопштија властите во Киев, додавајќи дека може да најдат уште мртви под урнатините. Започна спасувачка акција за расчистување на урнатините од уништената зграда.