Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кичевски: Партијата што 11 години ја уназадуваше државата, денес го уназадува Град Скопје – ВМРО-ДПМНЕ: Инвестициските програми ги гласа неговата СДС, ДУИ и фолирантите од Левица
Македонија

Кичевски: Партијата што 11 години ја уназадуваше државата, денес го уназадува Град Скопје – ВМРО-ДПМНЕ: Инвестициските програми ги гласа неговата СДС, ДУИ и фолирантите од Левица

09/04/2023

AA

Васко Кичевски од СДСМ денеска на прес конференција посочи дека една и пол година во Град Скопје владее хаос и неспособност од градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

„Бројни важни проекти се стопирани како што е реконструкцијата на Универзална сала, изградбата на улицата Есенинова и мостот на булевар АСНОМ, а клучката и кружниот тек кај Момин поток се градат далеку поспоро од предвиденото темпо.

Но затоа забрзано се одвива партизацијата на градската администрација и постојаната смена на директори на јавните градски претпријатија и установи.

Нема нови проекти и решенија, нема крупни градежни зафати, но затоа од страна на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ има кавги за тендери и провизии и популистички иницијативи да се врати споменикот на Ќосето – симболот на режимот на Груевски.

Ете што се случува кога шпицниот градоначалник и заложник на Димитар Апасиев и Левица, Христијан Мицкоски ќе ја добие власта во градот.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години ја уназадуваше државата, денес го уназадува Град Скопје.

И тогаш и сега на ВМРО-ДПМНЕ потребите на граѓаните им се на последно место, а личните и бизнис интерес им се пред сѐ.

Арсовска и другите скопски градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се најнеспособните и најнеуспешните градоначалници досега“, вели Кичевски.

На ова реагираше и ВМРО-ДПМНЕ, која вели дека Кичевски треба да е подобро информиран, сите инвестициски програми зад кој се кријат бизниси, во Советот на Град Скопје без исклучок ги гласа неговата СДС, ДУИ и фолирантите од Левица

„Кичевски е потребно да запраша зошто некој го мести во СДС толку очигледно, па мора со сила да се прави недоветен. Добро е да биде информиран, ако не знаел или не му кажале дека сите инвестициски програми зад кој се кријат бизниси, во Советот на Град Скопје без исклучок ги гласа неговата СДС, ДУИ и фолирантите од Левица.

А, кога сме кај Кичевски причината зошто тој мора, на очиглед на целата јавност да збори глупости, веројатно е поради фактот што е уценет и знае дека брзо ќе дојде времето кога ќе мора да одговара за реалните сомнежи за набавка на електронскиот систем за пораки на ПОЦ каде што тој токму беше дел“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy