Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кешишев: Не знам точно кој беше иницијатор за грабнување на Вања и Панче
Македонија

Кешишев: Не знам точно кој беше иницијатор за грабнување на Вања и Панче

02/04/2025

AA

Денеска на судењето обвинетиот Влатко Кешишев дава исказ за грабнувањата и убиствата на Панче Жежовски и на Вања Ѓорчевска.

Кешишев кажа дека ги познава обвинетите, со исклучок на Александар Ѓорчевски, таткото на Вања за кого тврди го видел првпат во судница.

Кешишев изјави дека тој заедно со Манев ја копале дупката во Велес, но мислел дека барале злато, и не знаел за каква намена била истата.

На прашање на неговиот адвокат Дејан Ефремов, кој бил иницијатор на тема грабнување, Кешишев одговори:

„Слушнав разговараа на тема грабнување. На почетокот мислев се сериозни, но потоа поминаа две години и го сфатив тоа како фантазија. Не знам точно кој беше иницијатор на оваа идеја за грабнување, но тој муабет го почнуваше Велибор“, рече Кешишев.

Ефремов: Дали знаеш каде живее обвинетито Велибор Манев?

Кешишев: Да и имам одено во неговиот дом. Со Палчо имам одено 2-3 пати. Првиот пат беше за централен комитет во Велес. После бевме на славата кај него.

Ефремов: На снимките од камерите на куќата на Манев се гледа дека доаѓате со Велибор Манев, се гледа дека вие вадите еден ранец, може ли да го опишете ранецот по боја и дизајн и што имало во него?

Кешишев: Тој беше тегет, а внатре немав отворено не знам што имаше, бидејќи на Палчо беше и си го носеше со него. Јас не гледам во туѓи ствари и не сум радознал. Само ако ми каже или ако ми нареди…

Ефремов: Кој го стави ранецот во возилото?

Кешишев: Палчо го носеше и го стави кај мене меѓу нозе. Јас седев на совозачко седиште.

Ефремов: Може ли да кажете за што разговаравте таа вечер?

Кешишев: Зборувавме за Панче и како може да се дојде до неговата куќа. Кај Велибор за задржавме можеби пола саат. Потоа земавме токи-воки радио станици тројцата и тргнаа кон куќата на Панче. Мене ме оставија да го земам Кангуто. Мене не ми беше дадена моторола за комуникација. После пола саат тие се вратија и кажаа дека ништо не направиле. Палчо го зеде Кангуто и се вративме во партијата Десна во Скопје. После тоа имаше и втор обид за грабнување на Панче. Јас постојано седев во Реното Кангу, не излегував и чекав да се вратат. После еден час се вратија со колата на Панче и тогаш запаливме по една цигара и Палчо го фрли телефонот на Панче.

Ефремов: Која беше целта во разговорите за грабнувањето на Панче?

Кешишев: Целта беше за возило првично. Човек кој живее сам и кој нема многу пари, за да бидат полесни околностите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy