Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кешишев ќе се соочи со „царот“ Палчо
Македонија

Кешишев ќе се соочи со „царот“ Палчо

04/04/2025

AA

Судењето за монструозните убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски продолжува денеска во Кривичниот суд, кога се очекува обвинетиот Влатко Кешишев повторно да сведочи – овојпат соочен со Љупчо Палевски, кој во неговиот телефон бил мемориран како „Царот“.

На последното рочиште, Кешишев детално ја раскажуваше својата верзија на настаните, но само откако судот дозволи Палевски да биде изнесен од судницата. „Во негово присуство нема да зборува вистината“, рече адвокатот на Кешишев, повикувајќи се на страв и претходни притисоци.

Судијата Ивица Стефановски го прифати барањето, и Палевски со лисици на рацете беше изнесен. Тоа ја отвори можноста Кешишев да ја изложи својата приказна: од тоа како Палевски го вовлекол во партиското седиште, каде живееле заедно, до првите наредби – копање дупка кај Рудник, за која првично мислел дека е за злато.

Во своето сведочење, Кешишев тврдеше дека ништо не планирал, туку само извршувал задачи кои му ги давале Палевски и останатите. Возел, полнел гориво, чекав со запален мотор. Тврди дека само од слушање разбрал дека се работи за уцена, но не и за убиство – сè до моментот кога слушнал истрел кај Бразда и го видел Палевски со пиштол во рака.

Кешишев детално ги опиша сцените: затрупување на телото со земја, прикривање со ќебиња и отпад, фрлање на алатот покрај патот и палење на возилото. Откако се вратиле во партијата, на Фејсбук ја видел сликата на девојчето – и дури тогаш сфатил која била жртвата.

Денеска, Кешишев и Палевски треба да се соочат лице в лице – првото директно соочување откако Кешишев почна да сведочи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy