Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кензо Танге го замисли како најмодерен град на Балканот, а сега Скопје се гуши во хаос и урбанистичко дивеење
Македонија

Кензо Танге го замисли како најмодерен град на Балканот, а сега Скопје се гуши во хаос и урбанистичко дивеење

18/03/2024

AA

После земјотресот Кензо Танге го замисли Скопје како најсовремен, космополитски и модернистички град на Балканот со бруталистичка архитектура. Но, постземјотресно Скопје не било изградено целосно според мастер планот на јапонскиот архитект односно неговиот план бил делумно реализиран. Сега 60 години подоцна тој концепт го нема. Идејата на Танге е потисната со нови барокни и неплански градби, згради кои никнуваат на секој чекор како печурки без да се води сметка за правилата на урбанистичпко планирање.

Што бил планот на Кензо Танге

Урбанистичкиот план за Скопје (1965) е изработен како резултат на земјотресот во 1963 година, кој уништил седумдесет и пет проценти од урбаната структура на градот. Реконструкцијата започнува веднаш по катастрофата со интернационална помош. Во рамки на проектот за реконструкција на Скопје се изготвува и урбанистичкиот план преку меѓународен конкурс распишан од Обединетите нации. Предлогот на јапонскиот архитект Кензо Танге добива шеесет и пет проценти од првата награда и треба да биде разработен во соработка со југословенски архитекти. Ваква изготвениот план никогаш нема целосно да биде реализиран.
Во октомври 1964 година Советот на Град Скопје усвојува нацрт план за градот кој е резултат на работата на тим составен од меѓународни експерти предводен од полскиот архитект Адолф Циборовски. На основа на овој план Обединетите нации распишуваат меѓународен конкурс за детално решение на централното подрачје на градот. На конкурсот учествуваат осум тима, четири од Југославија и по еден од Јапонија, Италија, Холандија и САД.
По извршената анализа на добиените предлози дадена е предност на вториот модел, во кој спаѓа планот на Кензо Танге, додека планот на југословенските архитекти Радован Мишевиќ и Федор Венцлер ја добива втората награда. Сепак комисијата предлага двата тима да работат заедно за да го развијат финалниот план. Преку ваквата соработка ќе биде изготвен новиот урбанистички план за центарот на Скопје т.н. IX – варијанта со две нови архитектонски структури „Градска порта“ и „Градски ѕид“. Од нив реализиран целосно е само Градскиот ѕид, додека концептот и содржините на „Градската порта“ се делумно реализирани.

Комплекс „Градска порта“

Градската порта е предвидена како комплекс со мултинаменска содржина и во неговата содржина се опфатени три наменски целини: главната Железничка станица, Градската пошта и Меѓуградската автобуска станица. Железничлата станица Танге ја замислил како објект во облик на покриена мостовска конструкција која претставува платформа за десетте перони. Платформата е подигната на 10 метри, што овозможува под нејзе да се изведат две нивоа во кои се развиваат сите потребни функции. Тој сметал дека главен за развојот на градот ќе биде Транспортниот центар, бидејќи се претпоставувало дека железничкиот сообраќај ќе биде доминантен.
Потоа јапонскиот архитект планира Градската порта да се гради кај сегашна Народна банка и ТЦ „Веро Џамбо“.Во Градската порта требало да биде сместен бизнис секторот. Преку пешачки мост требало сите што ќе дојдат во Скопје, преку Железничката станица пеш да дојдат до плоштадот Република и до Градскиот трговски центар и, преку Плоштадот до Градски ѕид.
Плоштадот Република требало да се изгради на потегот од мостот кај ‘Холидеј ин’ кон Железничката станица или на паркингот кај „Холидеј ин“ каде сега се градат 20-катници. На плоштадот требало да се сместат сите административни објекти на Градот. Плоштадот требало да се поврзе со пешачки мост со другата страна на Вардар, а во долниот дел да биде скалест во кружна форма и да може да се користи како бина или отворен театар.

Комплекс „Градски ѕид“

Градскиот ѕид е вториот елемент кој го дефинира градското подрачје. Тој се развива околу старото градско јадро и го обединува со новопланираните комплекси. Него го претсатвуваат високи кули од 45 метри и ниски кули од 20 метри, кои меѓу себе имаат зелен простор. Овој проект на Танге бил целосно завршен и до денеска овие станбени згради се едни од најфункционалните објекти во Скопје.

Јужен булевар проектиран од Танге уште не реализиран

Јапонскиот архитект многу добро ги решил и сообраќајниците во градот. Северната обиколница според проектот го сече Кале и минува под него, а потоа си тече како што и сега е изградена. Но, проектот тунелите под Кале не е реализиран ниту пак градските власти имаат намера да го прават.
Јужната обиколница или булевар Македонија кој требаше да минува од Општина Карпош односно сегашната улицата Теодосиј Гологанов да биде булевар со по три коловозни летни во двата правци, па преку некогашната улицата кај Јужен булевар води сè до Кисела Вода. Но, денес Јужен булевар е предвиден под земја и него го гради турски „Лимак“, а приклучоците и излезите не се знае дали и кога ќе бидат направени, како и проширувањето во булевар на потегот од поранешна „Нова Македонија“ до Тафталиџе.
Партизанска требало да продолжува право и под Плоштадот Македонија да се поврзе на северната обиколница, односно да излегува кај Народно банка. Но, овој концепт не може да се реализира бидејќи на трасата е изградена зградата „Тифани“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy