Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КЕМЕТ Eлектроникс Македонија воведе автоматизирана машина со робот креирана од тим од македонски инженери
Македонија

КЕМЕТ Eлектроникс Македонија воведе автоматизирана машина со робот креирана од тим од македонски инженери

26/02/2024

AA

Напредна иновација со домашен потпис, воведена во КЕМЕТ Eлектроникс Македонија. Во производните процеси на компанијата воведена е новата автоматизирана машина со робот базирана на најновите иновативни технолошки решенија. Ова напредно технолошко решение е дело на тимот составен од македонски инженери кои се дел од КЕМЕТ Eлектроникс Македонија.

Македонските инженери на развој на новата автоматизирана машина со робот работеа неколку месеци, а вкупната инвестиција во овој проект изнесува 120.000 евра. Имплементирањето на новото решение, базирано на робот, во голем мерка ќе ја подобри ефикасноста на процесот на електрично тестирање на кондензатори и истовремено ќе го подигне квалитетот во производството.

„Пред 10 години не можевме да замислиме дека е можно да развиеме и да создадеме наша сопствена опрема, која ќе биде по „мерка“ на нашите потреби и специфики. Но, денес ние, нѐ само што докажавме дека вреди да се сонува за високи професионални дострели, туку и дека вреди за тоа да се работи со страст, посветеност и континуирана едукација. Создадовме автоматска машина со робот согласно последните светски трендови во индустријата. Тоа го создадоа нашите инженери, што нѐ прави дополнително горди, бидејќи докажавме дека сме конкуренти во светски рамки. Добрите услови за работа, континуираната едукација, високата посветеност и мотивација на нашите луѓе даваат големи резултати. Ние продолжуваме во таа насока и веруваме дека нашите тимови ќе создадат уште многу напредни иновативни решенија кои дополнително ќе го унапредат процесот“, вели Франческо Татоли, заменик директор на КЕМЕТ Електроникс Македонија, ЈАГЕО компанија.

Во 2018 година во КЕМЕТ Eлектроникс Македонија основан е Центар за истражувања и развој, во чии рамки работат 30 стручњаци од областа на машинството, електротехниката, хемијата, физиката, како и од областа на технолошките науки. Овој тим работи на унапредување и развој на нови технолошки решенија, адаптирани за производните процеси на Групацијата на повеќе пазари.

КЕМЕТ Електроникс Македонија е присутен во земјава 12 години, а главната дејност е производство на електрични кондензатори и други делови кои се применуваат во повеќе индустрии. Производството на КЕМЕТ Електроникс Македонија се пласира на странските пазари, а минатата година компанијата ја заврши со приходи од 34 милиони евра. Досега компанијата инвестираше 40 милиони евра во своето производство. Во моментов вработува над 500 лица, а според планот бројот на вработени ќе расте во следниот период, соодветно на новите инвестиции кои ќе бидат реализирани согласно инвестицискиот план на компанијата.

Од 2020 година компанијата е дел од ЈАГЕО, водечка глобална корпорација за електронски компоненти, со производни капацитети во Азија, Европа и Америка. Корпорацијата во своето портфолио има кондензатори, индуктори, трансформатори, релеи, антени, безжични и други компоненти, а моментално е рангирана како број 1 производител на чип-отпорници и танталови кондензатори. Во рамките на Групацијата која има 40.000 вработени, делуваат 20 центри за истражување и развој кои во континуитет работат на унапредување и иновации.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ЗА МАРИХУАНА ВО ОХИС Полицијата со камиони

06/02/2026
Македонија

ДОЖД ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА Претпладне ќе врне на

06/02/2026
Македонија

📽️ НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАПЛЕНЕТИ СЕ РЕКОРДНИ 27 ТОНИ МАРИХУАНА Детали од

05/02/2026
Македонија

Димитриевски: Задоволен сум од платата, ама јас од плата не

05/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА СЕ ВОДИ, ЈАВНОСТА ЌЕ ДОЗНАЕ СÈ Мицкоски најави разрешница

05/02/2026
Македонија

Нова измама, овој пат СМС од Телеграм – не кликајте

05/02/2026
Македонија

НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ ГАРАНЦИИ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА Премиерот со јасна

05/02/2026
Македонија

Возачите на ЈСП сами ќе си ги плаќаат казните од

05/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41100
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ЗА МАРИХУАНА ВО ОХИС Полицијата со камиони и специјалци ја блокираше фабриката

06/02/2026

Големата полициска акција поврзана со петте тони марихуана запленети минатата недела во Србија и натаму е во тек, а фокусот

ДОЖД ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА Претпладне ќе врне на запад, попладне и на исток

06/02/2026

Метеоролозите најавуваат променливо облачно време утре, со врнежи од дожд во повеќе делови од земјата. Претпладне дожд се очекува во

📽️ НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАПЛЕНЕТИ СЕ РЕКОРДНИ 27 ТОНИ МАРИХУАНА Детали од големата акција во Скопје и

05/02/2026

Голема полициска акција за заплена на марихуана денеска се спроведува во Скопје и во струмичкиот регион, при што, според неофицијални

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy