
Кебапче за работникот, бифтек за власта – Протест пред Влада на 1-ви мај
„Кебапче за работникот, бифтек за власта – е нема правда“ е мотото на најавениот протест за 1-ви мај.
Имено, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија денеска упати повик на јавниот протест кој што ќе го организира по повод 1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот.
Збирно место на членовите на КСС ќе биде во 10:00 часот пред просториите на КСС, а потоа ќе продолжат да се движат по ул. Јордан Мијалков, потоа по бул. Климент Охридски и ќе се движат кон Владата на Р. Македонија, каде што ќе има обраќање на присутните во 11 часот.

