
Каземиро честеше, Ливерпул пак го растури Јунајтед на Олд Трафорд (ВИДЕО)
„Црвените“ од Енфилд уште немаат примен гол оваа сезона во домашното првенство, а заслужија уште поубедливо да го совладаат голем ривал кој уште еднаш беше тотално очаен. Пред се, тоа се однесува на Каземиро кој уште еднаш потврди дека е во голем пад во формата откако си замина од Реал Мадрид во 2022 година.
Бразилецот киксираше за првите два гола на Ливерпул, буквално подарувајќи му ја топката на противникот по што Луис Дијаз два пати ја затресе мрежата на Онана. Точка на мечот стави Мохамед Салах кој седми натпревар по ред погоди во дуелите со Манчестер Јунајтед.
„Ѓаволите“ одат на репрезентативна пауза со само три бода и на 14. позиција на табелата во Премиер лигата што веројатно е најава за уште една очајна сезона за нив.
