
КАВДАРЧАНЕЦОТ КОЈ ИЗЧЕЗНА ПРЕД ДВА ДЕНА Е ПРОНАЈДЕН МРТОВ Луѓето кои го барале го пронашле во село Куманичево

Кавадарчанецот кој пред два дена беше пријавен дека исчезнал е пронајден мртов, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Вчера во 10 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека во атар на село Куманичево, кавадаречко, е пронајден починат И.К.(66) од Кавадарци, за кој на 24 декември беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, појаснија оттаму.
.

