
Кавадарци, Струмица, Кичево и Битола вечерва дишат најзагаден воздух!
Вечерва Кавадарци диши загаден воздух, односно измерени се 225 mg/m3, што значи 4 пати зголемување на ПМ10 честичките во воздухот од дозволеното ниво (50мг/м3).
По него следуваат и Струмица со измерени 196 mg/m3, Кичево со 192 mg/m3 и Битола со 188 mg/m3.
Нешто помалку загадени се и Прилеп со измерени 179 mg/m3, како и скопската населба Лисиче со 158 mg/m3.

Инаку, ПМ10 и ПМ2.5 честичките се сметаат за многу штетни за човечкиот организам.
