
Кавадарци, Струмица дишат најзагаден воздух – Скопје меѓу десетте најзагадени градови во светот!
Вечерва Кавадарци и Струмица дишат загаден воздух, односно измерени се 275 и 221 mg/m3, што значи 5 и 4 пати зголемување на ПМ10 честичките во воздухот од дозволеното ниво (50мг/м3).
По него следуваат и скопско Лисиче 162 mg/m3, Велес 117 mg/m3 и Берово 117 mg/m3.

Инаку, главниот град вечерва е на деветтото место на најзагадени градови во светот.
Според податоците кои ги објави AQAir, индексот на квалитетот на воздухот во Скопје во вечерните часови изнесува 162, што укажува на ниво опасно по здравјето.
Во исто време, концентрацијата на ситните честички прашина ПМ 2,5, кои продираат длабоко во белите дробови и можат трајно да му наштетат на здравјето, е 15,2 пати поголема од вредноста што ја смета за дозволена Светската здравствена организација (СЗО).
Загадувањето на воздухот можете да го следите ТУКА!
