
Кавадарчани ја враќаат старата слава на Работнички: Ќе ги нападнеме сите трофеи!
Популарниот Шуш со ова му се приклучи на сограѓанинот, Тодор Гечевски, кој веќе неколку месеци е спортски директор на центарци, што значи дека кавадарчани ќе ја имаат главната улога во враќањето на шампионската слава на тимот од „Градски парк“. Работнички и понатаму е најтрофеен кошаркарски колектив кај нас со 15 титули, од кои само една е освоена во последните 14 години (2018 година).
Пред Самарџиев е тешка задача, со оглед што треба да го издигне гигантот буквално од пепелта, со оглед што центарци изминативе неколку години беа далеку од врвот односно од местата кои носат борба за трофеите. Миленикот на „Сити Парк Бојс“ не стравува од тешката задача, што и им го кажа на кошаркарите на првиот собир, а најави дека клубот во иднина ќе атакува на трофеите во сите натпреварувања.
Работнички има дури два порази по првите пет кола, од Чаир 2030 и МЗТ Скопје, но сезоната туку што почнува, па новиот тренер ќе има доволно време да ги склопи коцките и да ја врати препознатливата игра на најтрофејниот шампион, со која во минатото се мелеа противниците. Прв ривал ќе му биде клубот од кој потекнува и како играч и како тренер, кавадаречки Еуро Никел, кој следниот викенд ќе гостува во СРЦ „Кале“.
