
КАУФЛАНД СЕ ШИРИ, ОТВОРА НОВИ ПРОДАВНИЦИ: Новини на неколку атрактивни локации
Малопродажниот ланец Кауфланд планира да отвори до 20 нови
продавници низ Германија оваа година. До крајот на март, најавија, ќе отворат
пет продавници и тоа во Бедбург, Ингелхајм, Јетинген, Карлсруе и Лудвигсхафен.
Како што објаснија, им се важни атрактивни локации, со добра
сообраќајна поврзаност, функционални капацитети и потенцијал за развој на
околината, пишува Fenix-magazin.de.
Моментално имаат 770 филијали во Германија и ги проширија
своите операции во Полска, Романија, Чешка, Словачка, Бугарија, Молдавија и
Хрватска, каде што имаат 50 филијали и поседуваат меѓу пет и 10 отсто од
пазарниот удел. Сепак, нивната мрежа на продавници е динамична, бидејќи
годинава најавија затворање на неколку десетици експозитури во Германија.
Не е познато што ќе им понудат на клиентите новите
продавници на Кауфланд. Неодамна се појавија информации за автомати со евтини
пакувања со непозната содржина. Од компанијата не открија дали ќе ги
инсталираат овие машини во нови продавници.
фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

