
Катица Јанева во затвор работи како библиотекарка
Новиот директор на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски за „Макфакс“ откри дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева уредно се вратила во затворот.
Јанева се вратила во предвидениот рок, откако искористила продолжен празничен викенд, по што веќе ги извршува редовните затворски обврски.
-Не знам кога излезе точно, но се врати во предвидениот рок. Од утрово ги извршува работните обврски. Таа работи во библиотека. Користи викенди секогаш кога тоа го дозволува правилникот“, вели директорот на затворот „Идризово“.
Повеќе читај на Макфакс