
Катица Јанева излезе од затвор но само на 8 месеци, после се враќа
Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека на поранешната обвинителка, правосилно осудена во предметот познат како „Рекет“, ѝ е одобрен условен отпуст од издржување на затворската казна.
Како што соопшти Судот, Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје на 12 декември 2024 година, постапувајќи по предлог на осудената К.Ј., правосилно осудена во предметот КОК 116/19, донел решение со кое се прифаќа барањето за условен отпуст.
„На 12.12.2024 година Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на осудената К.Ј., правосилно осудена со предметот КОК 116/19, донел решение со кое се прифаќа предлогот и на осудената и се дозволува условен отпуст од издржување на затворската казна, кој започнува од 21.12.2025 година, а трае до 21.08.2026 година. Односно од 7 годишната затворска казна, која ја издржува осудената, дозволен е условен отпуст од 8 месеци“, велат од Кривичен суд.
