![Касами: Села насилно влезе во канцелариите на AA и го прогласи Таравари за предавник](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/02/Bilal-Kasami-850x560.webp)
Касами: Села насилно влезе во канцелариите на AA и го прогласи Таравари за предавник
Лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами, го обвини првиот човек на Собранието на Алијанса за Албанците и екс лидер на партијата, Зијадин Села, дека во неделата влегол насилство во канцелариите на партијата во Тетово и на нехуман начин го прогласил лидерот на АА, Арбен Таравари за предавник.
Во интервју за весникот ЛАЈМ, Касами вели дека Села и некои луѓе околу него не го сакаат најдоброто за АА.
„Видовме што се случи, „маскенбалот“, би рекол од насилното влегување во партиските канцеларии, заштитата од државата, од полицијата, од вооружени цивили пред партиските канцеларии и тој пристап и тој однос на претседавачот на Собранието. Мислам да беа барем институционални пристапи. Наместо да го прифатат предизвикот на претседателот на партијата, да го повикаат Централното собрание и на најдемократски начин да се донесе одлука која ќе биде во интерес на партијата, тие излегоа и го прогласија претседателот на партијата за предавник, го прогласија за страно тело. Ова што го гледаме деновиве мислам дека го покажува вистинското лице на некои поединци во Алијанса кои најмалку го сакаат најдоброто за Алијанса, најмалку го сакаат најдоброто за гласачите на опозицијата, најмалку го сакаат најдоброто за Албанците со овој пристап, кој го ценам за недемократски и нехуман“, порача Касами за весникот Лајм.