Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Касами предупредува: Можни се обиди за создавање меѓуетнички тензии во предизборниот период
Македонија

Касами предупредува: Можни се обиди за создавање меѓуетнички тензии во предизборниот период

12/09/2025

AA

Во предизборниот период постои тенденција за создавање меѓуетнички тензии на целата територија на државата, а особено во западниот дел, изјави синоќа градоначалникот на Тетово, Биљал Касами. Тој нагласи дека најголем ризик постои во регионот на Тетово, каде што мнозинско население се Албанците.

„Добивме информации од пријатели од соседните земји дека имало обид да се ангажираат одредени групи за да се запали џамијата на Попова Шапка. Тоа би било јасен сигнал дека нешто сериозно не е во ред во државата. Ние ги прибираеме сите вакви сознанија и ќе ги споделиме со партнерските држави, бидејќи како членка на НАТО, секоја закана за безбедноста на Македонија претставува закана и за Алијансата“, изјави Касами.

Тој додаде дека постои соработка со безбедносните служби за да се превенираат можни инциденти.

„Укажано ни е дека треба да бидеме поагилни и повнимателни. Затоа апелираме да нема поголеми собирања на луѓе без претходно известување на институциите, особено кога станува збор за навивачки групи. Службите имаат инструкции да спречат собирање на големи групи млади, за да не се повторуваат немили настани од минатото“, рече Касами.

Овие информации Касами ги соопшти на настан организиран од Општина Тетово, на кој беше промовирана новата четиригодишна стратегија за развој на туризмот. Во неа посебен акцент е ставен на агро-туризмот и развојот на селскиот туризам во шарпланинските села.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy