Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАРТЕЛИ: Трговци со инсулин во Македонија лани казнети со 110 милиони денари
Економија

КАРТЕЛИ: Трговци со инсулин во Македонија лани казнети со 110 милиони денари

12/04/2023

AA

Комисијата за заштита на конкуренција одредила казна од 110 милиони денари за трговците со лекови Д-р.Пановски и Фарма Трејд во јули минатата година поради забрането усогласено однесување при постапка за набавка на инсулин за Министерството за здравство.

Станува збор за период од август 2016 до август 2018, а постапката била повторена. Д-р Пановски е казнет со 65.230.700 денари (1,07 милиони евра), додека Фарма Трејд добила глоба од 44.359.800 денари (727.000 евра). Ова е единствениот картелски случај за кој во текот на ланската година е одредена поголема казна, пишува комисијата во својот извештај.

„Во повторена постапка се утврди
дека Друштво за производство, трговија и услуги Фарма Трејд ДООЕЛ увоз-извоз,
ул.Антон Попов 1/1-3 Скопје и Акционерско друштво за производство на лекови,
медицинска опрема и материјал промет и услуги Д-р.Пановски ул. Скупи 3 бр.55 Скопје,
како претпријатија кои што вршат дејност трговија со лекови на територијата на
Република Македонија, во периодот од мај 2016 година, кога се поднесени понудите во
отворената постапка бр.35/2016 за јавната набавка на лекот со генеричко име Human
insulin (со средно продолжено дејство комбиниран со хуман инсулин со кратко дејство)
12
(70/30 или 75/25) во фармацевтска форма суспензија за инјектирање и на лекот со
генеричко име Human Insulin (со средно дејство) во фармацевтска форма суспензија за
инјектирање на Министерството за здравство до ноември 2018 година, како период до
кога траеле Договорите склучени со Министерство за здравство по отворената постапка
бр.62/2016, усогласено се однесувале, на начин што во отворената постапка бр.35/2016 и
бр.62/2016 за доделување на договор за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински
игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот
август 2016 – август 2018 година за потребите на населението на Република
Македонија,за лекот со генеричко име Human insulin (со средно продолжено дејство
комбиниран со хуман инсулин со кратко дејство) (70/30 или 75/25) во фармацевтска
форма суспензија за инјектирање и на лекот со генеричко име Human Insulin (со средно
дејство) во фармацевтска форма суспензија за инјектирање, доставиле понуди со цени
претходно одредени на начин кој им овозможувал да ја заменат состојбата на непречена
конкуренција на релевантниот пазар со состојба на практична соработка помеѓу
претпријатијата, и на електронските аукции понудените цени не ги намалиле со цел
нарушување на конкуренцијата преку директно или индиректно фиксирање на
продажните цени што претставува постоење на прекршок од член 59 став (1) точка 1), а
во врска со член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата“, стои во објаснувањето на КЗК.

Скопскоото јавно обвинителство во 207 спроведе истрага против претставници на Клиничкиот центар и на двете компании по претходни кривични пријави од финансиската полиција за договори за медицинска опрема.

Во изминатите години Министерството за здравство редовно постигнува договори за интервентна набавка на инсулин со „Д-р Пановски“ и „Феникс фарм“, кои добиваат најголем дел од колачот.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy