
Капитенот Ристовски ја спука(л) со Милевски и се повлекува од репрезентацијата!
Ристовски во обраќањето на социјалните мрежи посочува дека работите во националниот тим одат во погрешен правец, а и покрај укажувањата кон селекторот за сѐ што се случува во и околу националниот тим, работите не се сменети.
Ристовски деценија ипол е репрезентативец, стандарден десен бек, кој ја наследи капитенската лента по пензионирањето на Горан Пандев по ЕУРО 2021.

