Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Капа долу! Која државна фирма 13 години без прекин секоја година дели дивиденда?
Економија

Капа долу! Која државна фирма 13 години без прекин секоја година дели дивиденда?

08/01/2025

AA

Во периодот од 2011 година до 2023 година државното АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор исплатило вкупно 10,3 милиони евра дивиденди на Владата. Најголемата дивиденда по акција е исплатена во 2015 година и изнесува 330 евра по акција! Поранешен ПУИК односно сегашното АД ИССДП е единствена државна компанија која во контиунитет и без прекин 13 години по ред исплаќа дивиденда на својот акционер односно на македонската Влада

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АД ИССДП) (поранеше ПУИК н.з.) е единствената компанија во целосна државна сопственост која дели дивиденда без прекин цели 13 години! Ова го потврдуваат и официјалните податоци од ова државно акционерско друштво (поранешно јавно претпријатие н.з.) кои се објавени на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност и се достапни во извештајот што е поставен на овој линк https://www.mse.mk/mk/announcement/2/1/2025/%D0%90%D0%94-%D0%B7%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%B3–%D0%B8-%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D0%BD–%D1%81%D0%BE-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD–%D0%B8-%D0%B4%D0%B5%D0%BB–%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%81–%D0%BD%D0%B0-%D0%A0%D0%9C-%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5/Audited-financial-statements

Извештајот на АД ИССПД содржи податоци за работењето на ова друштво во периодот од 2011 година до 2023 година.

Кога се гледаат податоците за исплатената дивиденда се стекнува заклучок дека ова е оваа компанија и Македонски Телеком се единствени компании во кои Владата има акции и кои исплаќаат редовно дивиденда. Но фактот што АД ИССПД е целосно државна компанија го прави единствено акционерско друштво во Македонија кое секоја година (13 години по ред н.з.) исплаќа дивиденда на Владата.

А гледано по години дивидендите биле завидни особено во периодот од 2011 до 2017 година. Најголема дивиденда по акција наплатила Владата од добивката во 2015 година и таа изнесувала 20.275 денари за акција. Втора најголема дивидедна донела таа акција во 2017 година и таа тогаш изнесувала 12.195 денари за акција. Третата најголема дивиденда е исплатена во 2014 година и изнесува 9.571 денар за акција. Последна дивиденда што АД ИССПД ја исплатил е за 2023 година и изнесува 300 денари за акција. Таа е трета најниска дивиденда по онаа што била исплатена за 2022 година и изнесува 264 денари за акција и во 2018 година кога приносот бил 291 денар по акција.

АД ИССПД има вкупно 10.070 акции и сите се во сопственост на македонската Влада. За периодот од 2011 година до 2023 година ова државно претпријатие на Владата исплатило вкупна дивинденда во вредност од 10,3 милиони евра.

Ова државно акционерско друштво располага со државен имот кој е со различна функција. Покрај станови и деловен простор ова претпријатие го има во посед и управува со Националната арена „Тоше Проески“ (поранешен Градски стадион во Скопје н.з.) и со три катни гаражи (надземни и подземни н.з.) во центарот на Скопје и тоа: „Разловечко востание“, „Солунски конгрес“ и „Смилевски конгрес“.

Според официјалните податоци за 2023 година АД ИССПД има вкупни приходи од речиси 9 милиони евра. Од тоа приходи од продажба се нешто над 5,3 милиони евра, а другото е од останати приходи (претежно од закуп и издавање н.з.).

Друштвото во 2023 година завршило со добивка од 45.000 евра.

Н.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy