
Кандидатите за менаџер на Јунајтед разочарани – ниска плата и мал буџет за засилувања
Наводно, контактирано е со шестмина менаџери и сите тие ја одбиле понудата да го наследат холандскиот стручњак. Томас Тухел и Герет Саутгејт биле разочарани од ниската плата која им била понудена, а Маурисио Покетино, кој еден период беше сметан за главен фаворит за позицијата, не можел да верува кога му кажале дека има само 35 милиони фунти за засилувања.
Било преговарано и со Томас Франк, Марко Силва и Роберто де Ѕерби, но и тие не прифатиле да работат под такви услови. По ваквиот развој на настаните, раководството на Јунајтед наскоро ќе му понуди на Тен Хаг продолжување на договорот на уште две години, односно до 2027.
