Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кандидат за словачки министер за животна средина најавува референдуми за излез на Словачка од ЕУ и НАТО
Македонија

Кандидат за словачки министер за животна средина најавува референдуми за излез на Словачка од ЕУ и НАТО

23/10/2023

AA

Кандидатот за словачки министер за животна средина Рудолф Хулиак, чија номинација не ја прифаќа претседателката на државата Зузана Чапутова, најави дека ќе се обиде да иницира референдум за излез на Словачка и од ЕУ и од НАТО.

– Во рамките Словачката национална партија ќе се обидам да иницираат задолжителен референдум за повлекување на Словачка од Северноатлантската алијанса и Европската Унија, изјави Хулиак во гостување во шоу на државната телевизија РТВС.

Именувањето на новата словачка Влада е блокирано поради одбивањето на Чапутова да ја прифати номинацијата на Хулиак, кој за министер за животна средина е предложен од десничарската Словачката национална партија (СНС), една од трите членки на новиот владин кабинет заедно со партиите Насока – Словачка социјална демократија (СМЕР-ССД) на мандатарот Роберт Фицо и Глас – Социјална демократија (ХЛАС-СД) на Петер Пелегрини.

На изјавата на Хулиак за „Словегзит“ и за истапување на Словачка од Алијансата, реагираше Пелегрини кој изјави дека неговата партија ќе инсистира во програмската изјава на новата Влада да биде јасно наведена заложбата за „зацврстување на Словачка во НАТО и ЕУ“.

Тој претходно изјави дека ХЛАС-СД ќе ја напушти владата доколку таа го промени курсот на надворешната политика на земјата.

Дури и СНС се огради од изјавата на Хулиак, нагласувајќи дека тоа не е официјална позиција на партијата и дека тие се залагаат за „реформа на ЕУ“.

Референдуми за излез на Словачка од ЕУ и НАТО беше предизборно ветување на екстремно десничарската партија Република, која за малку не успеа да го мине изборниот праг за влез во Парламентот. Претходните обиди за организирање слични референдуми во Словачка беа неуспешни.

Инаку, Чапутова ја одби номинацијата на Хулиак поради неговите изјави дека не верува во климатските промени и дека тие се измислени за да им се одземат автомобилите на луѓето, потоа поради нарекувањето на поборниците на зелената транзиција во ЕУ – „бриселски еко-терористи“, како и поради изјавите дека еколошките активисти треба да се обесат . Тој, меѓу останатото, има изјавено и дека лично ќе ја посети Русија и „ќе побара прошка“ за досегашната политика на Братислава, често е обвинуван за ширење дезинформации на социјалните мрежи и е познат по нападите врз припадниците на ЛГБТ+ заедницата.

Чапутова изјави дека чека ново име за кандидат за прв човек на Министерството за животна средина, по што сака да ја именува новата влада во полн состав, додека Хулиак најави дека ќе поднесе уставна жалба против претседателката затоа што одбива да го именува на функцијата.

За денеска е предвидена средба на Фицо со раководството на СНС за судбината на Хулиак. Доколку тој успее да ги убеди националистите да предложат нов кандидат за министер за животна средина, Чапутова би можела да ја именува Владата в среда, за кога е најавена и конститутивната седница на новиот словачки Парламент, по што Фицо веќе в четврток би можел да ја претставува земјата на Самитот на ЕУ во Брисел, во својство на словачки премиер.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ: Време е за правда – Груевски на издржување казна!

13/04/2026
Македонија

АМБАСАДОРКАТА НА ИЗРАЕЛ ГИ ПОЗДРАВИ НАПОРИТЕ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ

13/04/2026
Македонија

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција,

13/04/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА „Нема место за

13/04/2026
Македонија

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени

13/04/2026
Македонија

ДЕЦАТА ДОБИЛЕ РАСЕКОТИНИ ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ТАТКА СИ

13/04/2026
Македонија

14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден

13/04/2026
Македонија

Мажи од демиркаписко со закани од пиштол и нож насилно

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42433
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy