
Кан: Не давам оставка, Тухел е последен за кого треба да зборуваме!
Баерн денеска загуби од Мајнц со 1-3, по што Борусија Дортмунд го презема лидерското место и сега „милионерите“ се на пол-позиција за титулата на пет кола до крајот, што математички значи ако сѐ победат до крајот Баерн нема шанси да ги престигне. Баварците претходно испаднаа во четвртфиналето и во Купот на Германија и во Лигата на шампионите.
Навивачите на Баерн се бесни на раководството и бараа оставки, но Кан нема намера таа желба да им ја исполни.
„Томас Тухел е последен за кого треба нешто да се зборува. Тој прави сѐ за да ги крене момците и да ги турне напред. Јас оставка нема да дадам. Мојата единствена цел е да ја освоиме титулата, а потоа да се подготвиме за напад на следната сезона“, рече Кан.

