Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кампањата на Веро „Заокружи сметка“ собра 419.526 денари за СОС Детско село
Македонија

Кампањата на Веро „Заокружи сметка“ собра 419.526 денари за СОС Детско село

19/02/2025

AA

Веро и клиентите собраа 419.526 МКД за СОС Детско село преку кампањата „Заокружи сметка“, одбележувајќи ја четвртата година по ред од оваа хуманитарна иницијатива.

Во текот на декември, под слоганот „За секое дете да има весели празници“, Веро ги охрабруваше клиентите да ги заокружат износите на своите сметки, односно на тој начин разликата да ја донираат, потврдувајќи ја својата посветеност на корпоративната општествена одговорност и промовирајќи индивидуално дарување.

Милана Петковски, маркетинг директор на Веро, официјално го врачи чекот за донација, наведувајќи: „Иницијативата е доказ дека сме општество кое сака да донира, ги препознаваме вистинските вредности и им благодариме на сите потрошувачи кои станаа дел од оваа иницијатива“.

Претставниците на СОС Детско село изразија благодарност, нагласувајќи го значењето на тековната поддршка од заедницата: „Само заедно, сплотени, можеме да направиме разлика и да создадеме посветла иднина за децата без родителска грижа или оние кои се во ризик да ја изгубат. И токму заради тоа сме бескрајно благодарни на граѓаните кои донираа, на нашиот стратешки партнер Веро, но и нашите „амбасадори“, касиерките и касиерите кои овозможија нашата порака да стигне што подалеку.

Донацијата ќе биде наменета за реализација на активности за поддршка на семејства со предизвици во родителството како лиценцирани обуки, тренинзи и советувања во рамките на нашата програма за превенција на одвојување на децата од биолошкото семејство.“

Веро продолжува да ја демонстрира својата улога како општествено одговорна компанија, обезбедувајќи секое дете да има можност за подобра иднина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy