
Камион удри во безбедносни бариери во близина на Белата куќа
Возачот на камионот бил приведен синоќа во Вашингтон, откако неговиот камион влетал во безбедносните бариери на плоштадот Лафајет во близина на Белата куќа, објави Ројтерс, повикувајќи се на портпарол на Тајната служба.
„Ниту еден персонал на Тајната служба или на Белата куќа не е повреден, а причината и начинот на несреќата се под истрага“, објави портпаролот на Тајната служба на Твитер.
Некои патишта и пешачки патеки беа затворени, соопшти американската претседателска гарда. Евакуиран е блискиот хотел Хеј Адамс, објави телевизијата Фокс 5.
