Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Камерите почнаа да снимаат низ Скопје, од кога може да очекувате „честитка“ на домашна адреса?
Македонија

Камерите почнаа да снимаат низ Скопје, од кога може да очекувате „честитка“ на домашна адреса?

08/03/2024

AA

Министерството за внатрешни работи за Плусинфо информира дека веќе е извршено тестирање на опремата од системот „Сејф сити“ во поглед на брзото возење и поминувањето на црвено. Резултатите од тестирањето на опремата и на камерите се позитивни.

Имплементацијата на надградбата на системот „Сејф сити“ е во почетна фаза. Во тек се пристигнување на целокупната опрема и подготовките за поставување на новите локации – велат од МВР за Плусинфо.

Оттаму додаваат дека временската рамка за имплементацијата за надградбата за системот „Сејф сити“ е класифицирана информација.

Засега не можеме да информираме кога точно ќе биде пуштен во употреба новиот систем. Во поглед на прашањето која е цената на надградбата на системот „Сејф сити“ и која е фирмата која е ангажирана за нејзина имплементација, истото е класифицирана информација – додаваат од МВР.

Како што претходно информиравме, поминувањето на црвено, движењето со поголема брзина од дозволената, погрешното паркирање и сличните прекршоци ќе бидат регистрирани од новите камери на „Сејф сити“, а казните за сообраќајните прекршоци ќе пристигнуваат на домашните адреси на сопствениците на автомобили.

Според информациите на Плусинфо, а тоа го потврдија и од МВР, сѐ уште не се донесени законските промени за да биде пуштен во функција системот. Со овие промени треба да биде овозможено фотографијата за сторениот прекршок од страна на возачот да се користи како доказен материјал за негово санкционирање.

Во постапка се измени и дополнувања на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со цел да се уреди начинот на обезбедување и испраќање на доказниот материјал од сторителот на прекршокот – велат од МВР.

По стартувањето на новиот систем со новите камери, возачите ќе треба да бидат многу повнимателни, бидејќи ќе бидат казнувани за секое зголемување на брзината над дозволеното. Исто така, системот ќе ги регистрира и оние возила кои на раскрсница ќе минат кога на семафорот ќе биде вклучено црвено светло.

Покрај овие казни, од „Сејф сити“ ќе фрчат казни и за непрописно паркираните возила, кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот во градските средини.

Нема да куртулат ниту возачите кои не ги носат безбедносните појаси, како и оние кои користат мобилен телефон додека управуваат со автомобилот.

На крајот на минатата година нашиот извор нѐ информираше дека секој сторител на сообраќаен прекршок што ќе биде „фатен“ од камерите, на домашна адреса ќе добие фотографија од возилото со регистарската табличка, местото, времето и опис за тоа кој прекршок е направен.

Доколку сопственикот го негира прекршокот, тврдејќи дека тој не го управувал возилото за кое е утврдена казна, тогаш повторно ќе му биде испратена фотографија само од лицето кое го возело автомобилот, но не и на другите патници кои се наоѓале во тој момент во возилото. Тогаш казната ќе биде наменета за возачот, но не и за сопственикот на автомобилот. Секако, приватноста на секој од возачите ќе биде загарантирана, па затоа фотографии ќе добива само лицето кое го управува автомобилот – објасни тогаш нашиот извор.

Камери коишто ќе евидентираат сообраќајни прекршоци засега ќе има во Скопје, во Тетово и во Куманово, како и на автопатиштата, а во иднина се размислува за воведување на системот „Сејф сити“ и во другите градови во земјава и на автопатиштата.

Извор: Плусинфо

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy