Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Камбовски: Овде не станува збор за случај во кој некој пуштил во употреба некој лек кој претходно не бил одобрен, туку за примена на метода која е веќе употребувана
Македонија

Камбовски: Овде не станува збор за случај во кој некој пуштил во употреба некој лек кој претходно не бил одобрен, туку за примена на метода која е веќе употребувана

11/05/2023

AA

Судскиот случај со клиниката „Жан Митрев“ е многу специфичен и обвинителството, но и судот особено ќе треба да бидат исклучително претпазливи, вели академик Владо Камбовски откако вчера одбраната на Митрев реагираше дека судот прави суштествени повреди во постапката, пишува МКД.мк

Ова е мошне специфичен случај кој прв пат се случува кај нас. Ова не е случај на надрилекарство каде што работите би биле појасни за разлика од случајот со клиниката „Жан Митрев“, вели академик Владо Камбовски.

 

„Овој случај е специфичен бидејќи тука се поставува прашањето како обвинителството ќе докаже, а судот ќе пресуди дека станува збор за измама затоа што сите кои не се излечиле имаат чувство дека се оштетени и тоа е нормално. Од друга страна има пацинети на кои им било помогнато и тие би сведочеле во корист на обвинетиот. Но тоа мислење е субјективно. Затоа овој случај бара огромна претпазливост и доследна примена на законите. Обвинителството ќе мора да пристапи многу внимателно кон обвинението, а судот ќе мора да отвори четири очи во текот на постапката и особено кога ќе треба да одлучува“, вели Камбовски.

 

Анализирајќи ја досегашната постапка, Камбовски вели дека овде не станува збор за случај во кој некој пуштил во употреба некој лек кој претходно не бил одобрен, туку станува збор, за примена на метода која е веќе употребувана.

 

„Некои од пацентите се спасиле, некои, за жал не успеале“, вели Камбовски.

 

Досегашното постапување по поднесувањето на обвинението против Жан Митрев остава впечаток дека обвинителството и судот се на една страна, а на другата страна е одбраната. За проучување на доказите доставени од обвинителот на повеќе од 10.000 страници на одбраната ѝ се оставени само 10 работни дена (дозволен увид 4 часа во денот), пишува во реакцијата на одбраната на доктор Жан Митрев што вчера беше испратена до медиумите.

 

„Во постапката по жалба против решението за блокада на сметките на клиничката болница „Жан Митрев“, по поднесувањето на жалбата и доставување на предметот на одлучување до Апелациониот суд Скопје, обвинителството достави дополнителен писмен доказ кој не е доставен до одбраната, а решението на Апелацискиот суд за одбивањето на жалбата се повикува токму на тој доказ. На одбраната дури не ѝ е доставено ни мислењето на Вишото јавно обвинителство Скопје, а тоа се повреди кои судовите не може да не ги знаат бидејќи се опфатени со пресуди на Врховниот суд на РСМ и на Европскиот суд за човекови права. И сега, во период меѓу одлагање на рочиштата, за проучување на доказите доставени од обвинителот на повеќе од 10.000 страници пишан материјал и голем број содржини во електронска форма, на одбраната ѝ се оставени само 10 работни дена (дозволен увид 4 часа во денот) во кој рок е и подготовката на одбраната, поради што и со писмено барање адвокатите се обратија да се пренасочи судењето, но судот на тоа не одговори“, тврдат адвокатите на сопственикот на клиниката, доктор Жан Митрев.

 

Дали се ова значи дека замислата е Жан Митрев да биде осуден по кратка постапка, па поради тоа не се почитуваат основните права на одбраната“, прашуваат од одбраната на Митрев.

 

За утре во Кривичниот суд Скопје е закажано ново рочиште за овој случај.

 

Основното јавно обвинителство Скопје во јануари годинава поднесе обвинение против сопственикот на клиниката и против клиниката „Жан Митрев“. Тој се гони за кривично дело измама, а поврзано со лекувањето ковид-пациенти со методот хемофилтрација. Според обвинеието Митрев ги довел во заблуда пациентите дека со овие методи нуди алтернативен начин за лекување од ковид, што, според обвинителството, нема врска со вистината.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Запалени пет возила кај Кале!

17/04/2026
Македонија

📷 „ЗА СРАМОТА СМЕ, НИШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА, А НИЕ СМЕ

17/04/2026
Македонија

Делчево под будно око на технологијата: Дронови ќе ги чуваат

17/04/2026
Македонија

Полицаец од Битола возел иако имал активна забрана, ќе оди

17/04/2026
Македонија

ОТФРЛЕНА ТУЖБАТА НА ЗАЕВ ПРОТИВ ПЕТРУШЕВСКИ Струмичкиот суд се прогласи

17/04/2026
Македонија

Пет случаи на семејно насилство во последното деноноќие, едно лице

17/04/2026
Македонија

Жичницата на Водно денеска нема да работи поради силен ветер

17/04/2026
Македонија

КОЈ ЌЕ БИДЕ ДИРЕКТОР, А КОЈ ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОР НА МРТ? ЗНМ

17/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42592
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Запалени пет возила кај Кале!

17/04/2026

Денеска, на улицата „Лазар Личеноски“, во непосредна близина на скопското Кале, избувна пожар во кој беа опожарени пет возила. Според

📷 „ЗА СРАМОТА СМЕ, НИШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА, А НИЕ СМЕ ВРЕЌИ ЗА БОКСИРАЊЕ!“ На грчките

17/04/2026

Примената на новиот систем за биометриска регистрација и контрола на патници од трети земји, согласно европската директива „Систем за влез/излез

Делчево под будно око на технологијата: Дронови ќе ги чуваат шумите од пожари

17/04/2026

Општина Делчево воведува радикална новина во системот за заштита на природата – редовни контроли со дронови на терен. Оваа мерка

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy