Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Калин Ивановски со џиновски пресврт и две спасени меч топки до победа на Челинџерот во Јаши
Спорт

Калин Ивановски со џиновски пресврт и две спасени меч топки до победа на Челинџерот во Јаши

11/07/2023

AA

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски по три часа и со пресврт откако го загуби првиот сет, го мина воведното коло на Челинџерот во романски Јаши, откако во три сета со 4-6, 7-6, 6-2 го победи Николас Давид Јонел.

Јонел е безмалку 180 позиции подобро пласиран од нашиот Ивановски, рангиран моментно на 192-то место на АТП, но Ивановски одигра одлично за своја прва победа во кариерата на главен турнир на еден Челинџер.

Македонскиот тенисер во првиот сет во шестиот гем го загуби сервисот, но се врати во деветиот, ама веднаш потоа повторно доживеа брејк за Јонел да поведе, а потоа во вториот откако го загуби сервисот во осмиот гем, успеа да се извади да не го загуби мечот со рибрејк, а потоа спаси две меч топки во десеттиот гем, за на крај во тајбрејкот да победи со 7-4 за да израмни.

Последниот сет, Ивановски го доби убедливо со 6-2, а во првите четири гема и двајцата тенисери не успеваа да го добијат гемот на свој сервис, имаше четири брејка, за во шестиот македонскиот тенисер да направи трет брејк и потоа во осмиот со четврти да ја завери победата.

Следен противник во осминафиналето ќе му биде повторно романски тенисер, Филип Кристијан Јиану, кој е 312-то пласиран на АТП.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ

20/02/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене

20/02/2026
Македонија

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026
Македонија

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на

19/02/2026
Македонија

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен

19/02/2026
Македонија

Хоџа: Делегација од Турција со 30 бизнисмени заинтересирана за инвестиции

19/02/2026
Македонија

Десетмина пред суд по заплената на пет тони марихуана во

19/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА ЗА ДРОГАТА ЗАПЛЕНЕТА ВО СРБИЈА ВОДИ КОН ВАЖНИ ИМИЊА

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41685
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ ВО СРБИЈА За двајца е

20/02/2026

Десет лица се приведени во рамки на истрагата за петте тони марихуана откриени во Србија. Попладнево лицата се изведени пред

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене ги гледа како сламка за

20/02/2026

Имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште и се обидува преку ад-хоминем напади да се догребе до некоја

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026

Сѐ додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy