Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Калас: ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Македонија на патот кон полноправно членство
Македонија

Калас: ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Македонија на патот кон полноправно членство

23/05/2025

AA

Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство, истакна високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, за време на нејзината официјална посета на Скопје и средбите со државниот врв.

„Имавме конструктивен разговор во кој се осврнавме на повеќе клучни прашања. ЕУ стои до Северна Македонија. Вашата земја е првата во регионот што го потпиша Партнерството за безбедност и мир, со што покажавте лидерство и солидарност со Украина и Европа,“ рече Калас, нагласувајќи ја улогата на земјата како стабилен сојузник во регионот.

Калас ја издвои Северна Македонија како предводник во користењето на новиот План за раст на ЕУ за Западен Балкан. Според неа, тоа е показател за искрена ангажираност кон реформите и европската перспектива.

„Северна Македонија има место во Европската Унија. Веќе сте дел од нашата заедничка безбедносна рамка, што е исклучително важно во денешниов комплексен геополитички контекст. Ве охрабрувам да продолжите по истиот реформски пат и да ги направите потребните чекори за напредок во пристапните преговори,“ додаде таа.

Претставничката на ЕУ ја потврди поддршката на Брисел за борбата против корупцијата и зајакнувањето на правната држава – теми кои, како што истакна, остануваат темелни вредности на Унијата.

„Пред вас е важен изборен процес. Одлуката е во рацете на граѓаните, а ЕУ верува во европската иднина на целиот регион. Да продолжиме заедно напред – ЕУ ќе биде тука, покрај вас,“ заврши Калас.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy