Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „САУДИСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СЕКТОРИ СО ВИСОК ПРИОРИТЕТ – ПОПОВА ШАПКА КЛУЧЕН ПРОЕКТ“: Дурмиши по средбата со Алсакран од Саудиска Арабија
Економија

„САУДИСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СЕКТОРИ СО ВИСОК ПРИОРИТЕТ – ПОПОВА ШАПКА КЛУЧЕН ПРОЕКТ“: Дурмиши по средбата со Алсакран од Саудиска Арабија

23/05/2025

AA

Во рамките на Економскиот бизнис форум, регионален настан што се одржа во Сараево, министерот за економија Бесар Дурмиши, оствари билатерална средба со Неговата екселенција, Абдулазиз Алсакран, една од клучните личности во економската дипломатија на Кралството Саудиска Арабија, кој ја извршува функцијата заменик-гувернер за меѓународни односи при Генералниот орган за надворешна трговија (GAFT).

– Оваа средба го означи еден од најзначајните моменти на форумот, отворајќи нови хоризонти на економска соработка и потврдувајќи ја активната позиција на Македонија, преку ВЛЕН, во градењето стратешки партнерства со најмоќните глобални економии – истакнуваат од партијата во соопштението испратено до медиумите.

Додаваат дека двете страни го потврдија својот заеднички интерес за зголемување на трговската размена, која моментално изнесува 44 милиони долари, со цел надминување на ова ниво преку заеднички иницијативи и конкретни развојни проекти.

– На состанокот беа разгледани повеќе прашања од стратешко значење, меѓу кои и организирање заеднички бизнис форуми и спроведување меѓусебни посети на економски делегации. 

Создавање услови за саудиски инвестиции во сектори со висок приоритет за економскиот развој на земјата, како што се земјоделството, туризмот и одржливата инфраструктура. 

Поддршка за развој на скијачкиот центар “Попова Шапка“ во Тетово, како клучен проект за промоција на планинскиот туризам и економскиот развој на Полошкиот регион. 

Поттикнување на халал сертификација на локалните производи, со цел зголемување на извозот и диверзификација на меѓународните пазари – соопштуваат од партијата. 

Од таму додаваат дека економијата на Македонија има значителен потенцијал, а со стратешки партнери како Саудиска Арабија, овој потенцијал може да се трансформира во конкретни проекти што ќе донесат развој, вработување и благосостојба за граѓаните.

– ВЛЕН останува посветен на градење одржливи мостови на меѓународна економска соработка, со јасна визија да донесе квалитетни инвестиции кои директно влијаат врз животот на граѓаните и рамномерниот развој на сите региони во земјата – заклучуваат на крајот од соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy