
Калјари го совлада Сасуоло за бегство од зоната за испаѓање
Сасуоло постигна гол преку Ерлиќ за водство од 1-0 во седмата минута, но црвениот картон на Тресолди во вториот дел ги најави проблемите за гостинскиот тим.
Калјари постигна дури два гола во судиското надополнување, и тоа преку Лападула и Паволети за пресврт и триумф од 2-1.
Сасуоло остана на 15. место со 15 освоени бодови, додека Калјари скокна до 16. позиција и има 13 бода.
Претходно играа Емполи и Лече, кои си поделија по еден бод (1-1).
