
КАКВО ВРЕМЕ НЀ ОЧЕКУВА ВО 2026: Од „дебели“ минуси до значително затоплување
Првите денови од новата 2026 година ќе бидат под влијание на студениот бран, но метеоролозите веќе најавуваат пресврт во текот на првата недела од јануари.
Четврток (01.01) и Петок (02.01): Празничниот викенд започнува со екстремно ниски температури кои локално ќе се спуштат и под -10 степени. Во четврток минималните ќе се движат од -13 до -6 степени, додека во петок е можно провејување на снег и дожд.
Сабота (03.01) и Недела (04.01): Од сабота започнува промена на времето. Ќе почне да дува умерен до засилен јужен ветер кој ќе донесе пораст на температурите. Во недела максималните температури ќе достигнат до 13 степени.
Понеделник (05.01): Трендот на затоплување продолжува со променливо облачно време и повремени локални врнежи од дожд. Минималните температури конечно ќе излезат од негативната зона и ќе се движат помеѓу 3 и 7 степени.
Иако годината ја започнуваме со „ледени“ денови, веќе по неколку дена нѐ очекува значително потопло време со температури во пораст.
