
Какво ќе биде времето до крајот на март?
Надпросечни температури не очекуваат и во втората половина од месец март, анализира метеоролог за 4NEWS.mk. Од утре започнува зголемување на утринските температури и веќе истите нема да бидат под нулата.
Топло со температури до 20 степени ќе биде претстојниот викенд. Од следната недела утринските температури ќе бидат во пораст и ќе стигнат до 10 степени.
Во последната недела од месец март ќе биде врнежливо и облачно со температури од -3 до 20 степени.