Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Каква е оценката на Светска банка за економскиот раст во земјава во однос на регионот?
Економија

Каква е оценката на Светска банка за економскиот раст во земјава во однос на регионот?

19/10/2023

AA

Светска банка оценува дека Македонија ќе има најнизок економски раст и највисок буџетски дефицит во регионот.

Овие податоци се наведени во полугодишниот економски извештај за државите од Западен Балкан што денеска беше презентиран во Скопје. Најголем раст од 4,8 проценти ќе има Црна Гора по што следи Албанија со 3,6, Косово со 3,2, Босна и Херцеговина со 2,2, Србија со 2. Прогнозите за Македонија за економскиот раст се 1,8 проценти, а во 2024 година се очекува раст од 2,5, додека за  2025 година е прогнозиран раст од 2,9 проценти.

Јоана Маџоска, економист во Канцеларијата на Светска банка во Скопје, на денешната прес-конференција објасни дека растот во земјава почна да забавува во вториот квартал од годинава. Таа вели дека од стапка на раст од 2,1 процент во првиот квартал  дојде до 1,1 раст во вториот квартал.

„Растот беше предводен од личната потрошувачка, бидејќи извозот и бруто инвестициите се намалија со намалувањето  на глобалната потрошувачка. И личната потрошувачка забави во споредба со минатата година заради континуираната висока инфлација и забавеното кредитирање кои влијаеја врз куповната моќ на населението“, рече Маџоска.

Мерката за зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 отсто, како што кажа Маџоска, нема значајно да влијае на инфлацијата. 

Од Министерството за финансии велат дека Светска банка посочува дека владините мерки придонесоа кон враќање на едноцифрена инфлација.

Светска банка забележува дека невработеноста кај младите ќе продолжи да се намалува и за период од три години ќе се намали за околу 9 отсто. Стапката на сиромаштија во континуитет ќе се намалува, за да на среден рок кумулативно се намали за 20 отсто. БДП по глава на жител на среден рок ќе се зголеми за 7 отсто, а потенцијалот на македонската економија за раст ќе се зголемува како што земјата се приближува кон ЕУ преку реформскиот пат за структурни реформи и јакнење на економијата.

Три години по ред Македонија е со најмал економски раст во регионот. 

Инфлацијата во Европската унија забавила во септември, по забавувањето на растот на цените во еврозоната благодарение на поевтината енергија, објави вчера Евростат. 

На ниво на ЕУ, годишната стапка на инфлација, мерена со хармонизираниот HICP индекс, кој овозможува споредба меѓу земјите-членки, во септември паднал на 4,9 отсто, од 5,9 отсто во претходниот месец.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy