Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАКВА ЌЕ БИДЕ 2025 ЗА МАКЕДОНИЈА И ИЗВОЗОТ ВО ГЕРМАНИЈА? Сѐ ќе зависи од две работи
Економија

КАКВА ЌЕ БИДЕ 2025 ЗА МАКЕДОНИЈА И ИЗВОЗОТ ВО ГЕРМАНИЈА? Сѐ ќе зависи од две работи

24/12/2024

AA

Германија е наш најголем трговски партнер и секако кризата во оваа држава се одразува и врз македонската економија. Експертите не очекуваат следната година да биде нешто многу поразлична од претходните две во овој поглед, а од текстилната индустрија веќе ги чувствуваат последиците со намалување на извозот за 20-тина проценти. Од Германската стопанска комора, пак, уверуваат дека кризата во Германија нема да се рефлектира врз работните места во германските капацитети изградени во земјава.

Четириесет проценти од вкупниот извоз оди за Германија, а тоа е посебно изразено во текстилниот сектор бидејќи повеќе од 60 проценти од нашиот текстилен извоз оди за Германија.

– Се разбира дека тамошните случувања, падот на економијата, незивесноста со состојбата во Украина, зголемувањето на цените на енергенсите влијае на падот на побарувачката во Германија и луѓето се потешко купуваат текстилни производи. Ова директно значи намалување на нашите нарачки и тоа во услови кога ние и така имавме слободен пад на побарувачката и особено бројот на работници во текстилната индустрија. Ова ќе биде само поголемо, побрзо опаѓање на сите капацитети во текстилната индустрија во Македонија, вели во изјава за МИА Ангел Димитров од текстилната компанија „Мода“ и дел од Организацијата на работодавачи на Македонија. 

Посочува дека последните податоци покажуваат намалување на извозот на текстилниот сектор кон Германија за 23 проценти во однос на минатата година што секако се одразува и на пад на бројот на работници. 

– Со тоа што, ние работиме лон работа, па така често пати бројот или процентот на падот на извозот е еднаков со процентот на падот на работниците. Што значи во овој момент историски најнизок број на работници работат во оваа гранка во Македонија. Некаде околу 28.000 работници останавме. Во најдобрите времиња во 2009/2010 година бевме 63.000 работници во оваа гранка, нагласува Димитров.

Според Димитров, ако падот на германската Влада резултира со некоја друга влада која би ги сменила политиките во Германија можеби би излегло и нешто добро од тоа. 

– Но сега никој не може со сигурност да каже што тоа би значело, каква влада би се формирала, кој би влегол во таа коалиција. Но, очигледно сите проблеми почнаа со влезот на Зелената партија во германскиот Парламент и со нивните барања за зелена енергија, за затворање на нуклеарните електрани, а купување на поскапа струја произведена од нуклераните централи во Франција. Истите овие барања за престанок на продажба на моторите за внатрешно согорување – бензин и дизел, потоа конкуренцијата од Кина итн, сето тоа доведе до опаѓање на економската моќ на Германија што ја имаше порано, смета Димитров.

Сепак, Димитров е на став дека доколку престане војната во Украина, во тој случај ситуацијата може и да се подобри или како што вели релативно брзо да се врати оптимизмот кај купувачите и да се подобри состојбата. – Но и тоа е неизвесно, бидејќи никој не може да каже кога ќе дојде до прекин на воените дејствија во Украина. Мислам дека тоа е едно од главните прашања, додека оние другите прашања на внатрешната политика и економската политика на Германија би требало полесно да се решат, вели Димитров.

Економскиот аналитичар и професор на Виенскиот институт Бранимир Јовановиќ во изјава за МИА вели дека кризата во Германија веќе две години се одразува врз македонската економија и дека следната година нема да биде нешто многу поразлична од претходните две. 

– Една од причините што економскиот раст во Македонија во последните две години е меѓу најслабите во регионот е токму рецесијата во Германија. Македонија е најмногу изложена кон германската економија од сите земји од Источна Европа – дури 40 проценти од македонскиот извоз завршува таму. Затоа и извозот паѓа веќе две години по ред, поради слабата побарувачка од Германија. Затоа, мислам дека следната година нема да биде нешто многу различна од претходните две во овој поглед. Германија веќе две години има пад на БДП и следната година всушност се очекува земјата конечно да забележи раст, иако само мал, од околу 0.5 проценти. Тоа, секако не е доволно за да ја извлече македонската економија од летаргијата во која е навлезена, но не е ни толку лошо за да ја турне економијата во депресија, оценува Јовановиќ за МИА.

Од Германската стопанска комора (АХК) која ги обединува германските инвеститори во земјава, не очекуваат дека кризата во Германија ќе се одрази врз работните места во компаниите отворени од страна на германските инвеститори. 

– Како Германска стопанска комора не ни е познато дека некој од германските инвеститори тука планира кратење на работните места. Овој период тие планираат да го искористат за тренинзи и обуки за своите вработени, но исто така и за да инвестираат во нови технологии и затоа организираат нова едукација за персоналот. Не радува дека германските инвестиции не се само во областа на автомобилската индустрија, туку има и други сектори каде што се инвестира и тие сектори не се загрозени. Во изминатата година имавме голем број на реинвестиции како во автомобилската  индустрија, така и во други сектори и затоа сметам дека нема потреба од грижа, изјави директорката на АХК Антје Ванделт на 17 декември.

Според неа, сегашната криза во Германија можеби е шанса за нас, бидејќи германските производни компании се во потрага по нови пазари кои се блиску и имаат долгорочно искуство во производството и нудат европски стандарди, а тоа е одлична шанса за земјата.

– Она што е добро е дека германските инвестиции во земјава не се само во областа на автомобилската индустрија. Токму автомобилската индустрија во последниот квартал има благ пад на извозот кон Германија, но од мајките компании добивме информација дека во вториот квартал од 2025 година се очекува закрепнување и повторно враќање на истото ниво. Не радува и фактот дека големиот дел од германските инвестиции во автомобилскиот сектор кои произведуваат тука не се насочени само кон механичкото производство, туку голем дел од нив произведуваат делови и компоненти наменети за електричните возила, изјави тогаш Ванделт.

Што и да се случи во Германија на политички план во следниот период очигледно е дека тоа ќе се одрази врз цела Европа како на политички, така и на економски план. 

МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy